Претходна статија
Се редат нови договори за промена на фасадите во центарот на Скопје
Следна статија
БИМАС 2014 - момент кога е важно да се зборува за архитектурата

Мултимедијалниот центар во Кисела Вода готов до крајот на 2015

Објавено на 06.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Некогашното кино во скопската населба Кисела Вода ќе прерасне во мултимедијален центар со мултифункционална сала за одржување театарски претстави и прикажување на филмови, библиотека, уметнички клуб, кафетерија со галериски простор, административни простории и простории за месна заедница. Општината потпиша договор со фабриката „Карпош“ АД Скопје за реконструкција и адаптација на постоечкиот Дом на културата, здание кое во моментов се наоѓа во руинирана состојба.  Вкупната вредност на проектот изнесува 41.681.730 денари (над 675 илјади евра), финансиски средства обезбедени од општинскиот буџет и од буџетот на Министерството за култура.

 

 

 

Во согласност со договорот, проектот ќе се реализира во рок од 18 месеци или најдоцна до крајот на 2015 година. Во идното културно здание е предвидена мултифункционална сала со површина од 315 метри квадратни, која ќе може да прими 144 посетители. Покрај доградбата и надградбата на објектот, со зафатот хортикултурно ќе се уреди околниот простор, а ќе се изведе и паркинг простор за посетителите. Општина Кисела Вода го најави овој проект кон средината на февруари годинава.