Претходна статија
Општина Центар го избра идејното решение за ресторанот „Езерце“
Следна статија
И „Бетон“ се вклучува во изградбата на автопатот Миладиновци - Штип

Општина Охрид ќе субвенционира евтини летови за Лондон

Објавено на 30.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната самоуправа од Охрид се одлучи да ги следи стапките на македонската влада во однос на субвенционирањето на авиокомпании за воведување на евтини летови од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ кон некој од лондонските аеродроми. Во објавениот јавен повик за доделување на финансиска поддршка се наведува дека авиокомпанијата треба да ја одржува авионската линија кон Лондон два пати неделно, во периодот од 15 јули до 15 септември 2014 година, како и во текот на целата 2015 и 2016 година. За да ја искористи финансиската поддршка од општината, авиопревозникот ќе треба да обезбеди минимум 9.600 патници на годишно ниво или барем 800 патници што ќе пристигнат на охридскиот аеродром во текот на еден месец.

 

 

 

„Финансиската поддршка ќе се додели на оној авиопревозник кој ги исполнил условите утврдени во барањето за финансиска поддршка и понудил најнизок износ на финансиска поддршка во евра изразени во денарска против вредност по патник во пристигнување“, се вели во повикот на општина Охрид. Заинтересираните субјекти ќе треба да ги достават своите понуди најдоцна до 26 мај, за кога е предвидено и нивното јавно отворање. Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во текот на минатата година опслужил вкупно 83.060 патници или за 6,5% повеќе во споредба со 2012 година.