Претходна статија
Подземниот катастар ставен во функција
Следна статија
Санација на неколку објекти на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“

Со американска донација се реновира Здравствениот дом во Гевгелија

Објавено на 25.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По обезбедената донација од одделот за цивилна соработка на Армијата на САД, деновиве во Гевгелија започна реконструкцијата на објектот на Здравствениот дом. Проектот се состои од делумна реконструкција на внатрешноста на зградата и целосна санација на надворешноста. Во рамки на зафатот ќе се обнови вториот кат од установата, во кој е сместена Службата за детска превентива на училишни и предучилишни деца. Покрај ова, предвидено е да се санира и поткровјето. Со донацијата ќе се заменат прозорците и вратите во целиот објект, а ќе се изведе и термичка фасада што ќе штеди топлинска енергија. За остварување на овој проект ќе се потрошат финансиски средства во износ од околу 400.000 евра. Главниот изведувач „ДОТ Архитекти“ од Скопје треба да го реализира зафатот најдоцна до февруари догодина.