Претходна статија
Ветерниот парк „Богданци“ во финална фаза на изградба
Следна статија
Ќе се реконструира булеварот „Ослободување“ во Кичево

970 илјади евра за санација и доградба на општинската зграда во Сарај

Објавено на 12.03.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Тетовската фирма „АТЕЛИЕ 2 Нурхан ДООЕЛ“ ќе ја врши реконструкцијата, надградбата и доградбата на постоечката административна зграда на општина Сарај. Фирмата победи на неодамнешниот тендер во конкуренција на уште заинтересиран субјект. Во овој проект ќе се инвестираат финансиски средства во износ од 59.955.000 денари или околу 970 илјади евра. Намерата на локалната власт е да се прошири и да се добие дополнителен канцеларискиот простор за општинската администрација, но и за нормално функционирање на службите што ги извршуваат услугите на граѓаните и компаниите. Рокот за завршување на градежните работи е 60 месеци. Општинската зграда е лоцирана на самиот почеток на спортско – рекреативниот центар „Сарај“, веднаш до некогашниот објект на Њујорк колеџот во Скопје.