Претходна статија
Над 14,2 милиони евра ќе се потрошат за владиниот административен објект спроти хотел „Бристол“
Следна статија
Парцелите со непознат сопственик ќе се впишат во катастарот

Зголемен бројот на предвидени станови за градење во јануари

Објавено на 06.03.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По неколкумесечен пад во делот на издавањето градежни дозволи за изградба на станови, Државниот завод за статистика во јануари констатирал зголемување на предвидените станови за градење во наредниот период. Во извештајот за првиот месец од годинава е наведено дека се издадени одобренија за градење на 632 станови, со вкупна корисна површина од 43.778 метри квадратни. Во споредба со истиот период лани, регистрирано е зголемување од преку 20% кај бројката на идни станови што треба да се градат. Од физичките лица и од деловните субјекти во јануари 2013 година била планирана изградба на 512 нови станови со површина од 38.855 метри квадратни.

 

#Наспроти инвестирањето во станбениот сектор, во јануари 2014 година сепак е забележано намалување кај издадените градежни дозволи. Во статистичкиот извештај се наведува дека се издадени 140 одобренија за градење, што е за 22,7% помалку во однос на истиот период лани. Предвидената вредност на објектите за градење пораснала и изнесува 2.458.386.000 денари, односно за 47,4% повеќе во споредба со јануари 2013 година. Од вкупниот број на одобренија за градење, 80,8% се наменети за објекти од високоградба, 12,1% за објекти од нискоградба и 7,1% за објекти за реконструкција. Од вкупно 140 зданија, на 102 како инвеститори се јавуваат физички лица, додека останатите ќе ги градат деловни субјекти.