Претходна статија
„Чакар Партнерс“ ќе го проектира пешачкиот мост на Матка
Следна статија
Патничкиот железнички сообраќај лани забележал историски негативни резултати

Отворени Саемот за градежништво и Саемот за недвижности 2014

Објавено на 04.03.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Преку 300 компании од земјава и од странство од денеска до 8 март ќе се претстават на 11-от по ред Саем за градежништво и на 4-от по ред Саем за недвижности „RealExpo“. На денешното отворање присуствуваше вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Понудата на оваа традиционална манифестација од меѓународен карактер е поделена на неколку дела. Инвеститорите во станбениот сектор на саемското претставување ќе понудат 3.000 новоизградени станови, при што посетителите ќе можат да се запознаат со веќе изградените објекти и со проектите што допрва ќе ги реализираат фирмите „Голден Арт“, „Џеваир Холдинг“, „Адора“, „Настел“ и „Трим“ .

 

###

 

 

Покрај секторот недвижности, на саемот се застапени фирми што нудат широк опсег на градежни материјали, и тоа: гипсени производи, кровови, малтери и фасадни производи, лепила, изолациони материјали, битуменски производи, камен и песок, ѕидни бои, но и градежна столарија, железни конструкции, лифтови и механизација. На овогодинешниот саем ќе се претстави и компанијата „Кнауф“, која годинава слави 20-годишен јубилеј од нејзиното присуство на македонскиот пазар преку сопствено претставништво. „Меѓународниот саем на градежништво претставува престижна манифестација на која учествуваат најдобрите и нуди експресни решенија за комплексни ситуации поврзани во сите области“, изјави извршниот директор на Скопски саем Даниела Глигоровска.

 

Организаторите очекуваат дека двата саеми годинава ќе ги посетат околу 15.000 посетители. Тие ќе може да учествуваат во наградната игра „НаГРАДбА за Вашиот дом“, која на најсреќните ќе им донесе вредносни ваучери во износ од 700, 500 и 300 евра, кои ќе можат да се искористат за купување производи од саемската програма. Цената на влезницата е 70 денари.