Претходна статија
До Бељаковце ќе се патува со воз најдоцна до 2016 година
Следна статија
Стариот театар во Струмица ќе го врати некогашниот сјај

Почна санацијата на мостот „Гемиџии“ во Велес

Објавено на 02.03.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Конечно ќе бидат санирани големите оштетувања на конструкцијата на мостот „Гемиџии“ во центарот на Велес. Од државниот буџет за овој зафат се одвоени финансиски средства во износ од 33 милиони денари, односно околу 530 илјади евра. Изведувач е фирмата „Синтек“, а рокот за завршување на работите е 12 месеци. Градежните активности ќе опфатат санирање на армирано бетонската конструкција, поставување на нов асфалтен слој и изведба на нова ограда. Реализацијата на проектот доаѓа по сериозните пукнатини на конструкцијата на мостот, кои од година во година стануваа поопасни и доведоа до поставување на импровизирани метални потпирачи што го превенираат неговото целосно уривање.

 

Мостот „Гемиџии“ е изграден во 50-тите години од минатиот век. Овој значаен инфраструктурен објект ја премостува реката Вардар и ја поврзува левата и десната страна на градот. Долг е 172 метри, а широк 11 метри.