Претходна статија
Започна реконструкцијата на граничниот премин „Богородица“
Следна статија
Стартуваше изградбата на автопатот Миладиновци - Свети Николе - Штип

ЕЛЕМ ќе инвестира 30 милиони евра во развој на Попова Шапка

Објавено на 21.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Електрани на Македонија ги привршува подготовките за изградба на ветената жичара – шестосед во рамките на скијачкиот центар Попова Шапка. Проектната документација веќе е изработена, а во претстојниот период ќе се бара изведувач. Монтирањето на новата жичара се најавува дека ќе почне во текот на оваа година. Должината на трасата е 1.420 метри, а максималниот капацитет изнесува 3.200 скијачи за еден час. Со проектот е предвидено по должината на жичарата да се изведат три скијачки патеки со должина од 5.000 метри, при што целокупните активности за натамошен развој на овој зимско – рекреативен центар ќе се одвиваат во согласност со изготвениот мастер план за модернизација на Попова Шапка. Вкупната инвестиција се проценува на 30 милиони евра.

 

Како новина што треба да ја продолжи скијачката сезона на Попова Шапка, зацртано е да се постави и систем за вештачки снег. За остварување на оваа идеја најдоцна до октомври 2014 година треба да се комплетира резервоарот за вода, малото вештачко езеро и системот од вештачки топови. Со обезбедената количина од 32.000 метри кубни вода, патеките за велеслалом и слалом ќе бидат целосно покриени со снег. Огласот за избор на проектантот што ја изготви документацијата за жичарата – шестосед беше објавен во август минатата година, додека скопската компанија „Векон инт“ на почетокот од октомври лани беше избрана за советник на државната ЕЛЕМ во натамошниот развој на ски – центарот Попова Шапка.