Претходна статија
Нова плажа и пешачка патека за заживување на туризмот во Дојран
Следна статија
Жителите на Капиштец ќе добијат нова детска градинка

Обнова на фасадите на заштитени објекти долж булеварот „Илинден“

Објавено на 17.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Фасадите на објектите со автентична архитектура долж скопскиот булевар „Илинден“ ќе бидат реставрирани со проектот на Министерството за култура и Конзерваторскиот центар – Скопје. Проектната документација за најавената реконструкција на зданијата изградени на почетокот од XX век веќе е изготвена, а склучени се и два договори со градежни фирми за остварување на зафатот. Екстериерот на првите две куќи од старото градско јадро на главниот град ќе го санираат фирмите „Масон – Инженеринг“ и „МАКАУС Благоја“. Се работи за индивидуалните живеалишта на булеварот „Илинден“ бр.63 и бр.41, лоцирани на потегот од Градскиот парк до седиштето на Владата.

 

За реставраторско – конзерваторските интервенции се одвоени финансиски средства во износ од 4.304.180 денари или околу 69 илјади евра. Овие зафати се одвиваат во склоп на повеќегодишниот проект за обнова и конзервација на 250 фасади на староградски куќи на целата територија на Македонија. Станарите на булеварот „Илинден“ досега неколку пати излегоа во јавноста за да предупредат дека за вредните архитектонски зданија никој не се грижи и дека тие имаат руинирани фасади. Иако се заштитени со закон, нивните фасади се лупат и претставуваат опасност за минувачите долж оваа сообраќајница.