Претходна статија
Изведбата на сувата градба да се стандардизира и во Македонија
Следна статија
Во јуни ќе се бараат концесионери за автопатите Скопје - Блаце и Гостивар - Кичево

Дополнителни 450 илјади евра за античките столбови на Министерството за правда

Објавено на 11.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Непредвидени и дополнителни градежни работи при реконструкцијата на северната фасада на Министерството за правда и проектантски надзор врз активностите ќе чинат 27.744.788 денари или 450 илјади евра. Ова министерство склучило три нови договори со италијанската компанија „Ламоне Мореда“ и со домашната „Неимар Инженеринг“ во функција на изведба на неокласицистичката фасада во склоп на владиниот проект „Скопје 2014“. На тој начин, вкупната инвестиција во овој градежен зафат се искачи на преку 3,3 милиони евра, ако се земе во предвид дека првично одвоената сума за италијанската компанија и за „Градежниот институт Македонија“ изнесуваше над 2,9 милиони евра.

 

 

 

Обврските од новите договори треба да се комплетираат во временски период од три месеци. Со нив треба целосно да се довршат замислените антички столбови на зградата на Министерството за правда, на чија фасада ќе биде поставен и ликот на римската божица на правдата и праведноста Јустиција. Овој административен објект е лоциран на улицата „Димитрие Чуповски“ во строгиот центар на Скопје. Покрај фасадата на оваа зграда, предвидено е комплетно менување на постоечкиот надворешен изглед и на останатите објекти долж оваа улица.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект