Привршува изградбата на „Венеција“, „Милано“ и „Наполи“, првите три вили во комплексот Соравиа Ресорт во кои има вкупно 16 луксузни апартмани со големина помеѓу 103 и 181 метри квадратни. Камен темелник беше поставен на 09.12.2009, а според Питер Рот, менаџер на Соравиа во Македонија, трите вили ќе бидат готови за пола година. Во меѓувреме урнат е и стариот хотел Скала во кругот на бившото Олимписко Село и овој месец на негово место треба да започне изградба на најголемиот објект во комплексот – вилата „Рим“. Таа ќе има 45 апартмани за продажба, 8 executive апартмани за изнајмување и разни дополнителни содржини. Апартманите во „Рим“ се со големина помеѓу 64 и 154 метри квадратни, а рокот за завршување е 18 месеци.
Вкупната инвестиција за Соравиа Ресорт изнесува 30 милиони евра и треба да се реализира до 2015 година, кога во комплексот е предвидено да функционираат 20 објекти со 200 апартмани. Проектот го изработи Радо Инженеринг, изведувач е Вардарградба, а надзорот го врши Евро Консалтинг.
Форумска дискусија за овој проект » овде
Глерија: