Претходна статија
Нови индустриски зони ќе се градат во Берово, Делчево и Виница
Следна статија
Ќе се дадат под концесија уште 80 локации за мали хидроелектрани

Обновата на конаците во манастирот „Трескавец“ ќе чини околу 1,2 милиони евра

Објавено на 04.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Влада на РМ Една година по пожарот, тече процесот за дооформување на проектната документација за обнова на конаците во манастирскиот комплекс „Успение на пресвета Богородица“ – Трескавец кај Прилеп. Се проценува дека за реконструкцијата ќе бидат потребни 77.432.000 денари или околу 1,2 милиони евра, а активностите ќе се изведуваат во неколку фази. Прилепскиот Завод и музеј работи на дополнување на основниот проект за санација, реконструкција и реставрација на конаците, во согласност со насоките што ги дала комисијата од Националниот конзерваторски центар. Корекциите во основниот проект се однесуваат на решенија за армирано бетонската конструкција и корекција на детали на дрвените елементи, заради постигнување автентичност на конаците.

 

Со проектот за изградба на опожарените конаци во манастирскиот комплекс „Трескавец“ ќе биде опфатена површина од околу 1.400 метри квадратни. Изведбените активности треба да започнат претстојнава градежна сезона, а рокот за нивно завршување е две години. Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески денеска упати уште еден апел до сите македонски граѓани да ја покажат својата хуманост и да донираат на жиро – сметката на манастирот за изградбата на конаците.