Претходна статија
По застојот, продолжува изградбата на општинската зграда на Карпош
Следна статија
Новите барокни фасади на седум објекти проценети на 2,6 милиони евра

Наскоро реконструкција на кејот на Вардар кај „Пресвета Богородица“

Објавено на 31.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопската градска власт планира да го догради плоштадот „Пресвета Богородица“ околу истоимената црква и да го реконструира кејот од левата страна на Вардар, кој ја вклучува улицата „Димитар Влахов“ на потегот од булеварот „Филип Втори Македонски“ до булеварот „Крсте Петков Мисирков“. Со претстојниот зафат е предвидено целосно оформување на плоштадот околу верскиот објект, во чија близина во моментов се гради објектот во кој ќе се сместат неколку државни институции и Факултетот за драмски уметности. Градот очекува дека за проектот ќе бидат потребни 48.305.084 денари (околу 780 илјади евра).

 

 

 

Првата етапа од изградбата на плоштадот „Пресвета Богородица“ беше завршена во текот на август минатата година, кога беа пуштени во употреба трите фонтани, во чија средина се поставени скулптури на Пресвета Богородица, на свети Никола и на свети Петар и Павле. Со проектот беше уреден овој јавен простор со површина од 3.200 метри квадратни, во кој како инвеститор се јави општина Центар. За завршување градежните работи се потрошија 4,2 милиони евра.