Претходна статија
Скопски „Мегарон Инженеринг“ ангажиран за проектирање на новиот стадион во Битола
Следна статија
500 илјади евра за реконструкција на главната улица во Пробиштип

Универзитетот „Св. Апостол Павле“ ќе се пресели во охридската касарна

Објавено на 30.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Од постоечкото седиште во центарот на Охрид, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ наскоро ќе се прошири и во некогашната охридска касарна. За таа цел ќе се реновира и адаптира објект во рамките на касарната, а за изведувач на градежните работи е избрана фирмата „Алдинг инженеринг“ од Скопје, на која ќе и бидат исплатени финансиски средства во висина од 35.692.583 денари или околу 580 илјади евра. Рокот за комплетирање на градежните работи изнесува седум месеци, по што ќе следува преселбата на дел од универзитетот во новите простории. Зафатот што следи е дел од проектот „Старите касарни за нов развој“, со кој некогашниот имот на македонската армија се пренасочува кон задоволување на општествените потреби.

 

Во септември минатата година беше реализирана инвестиција во висина од 50 милиони денари за изградба и адаптација на простории за образовна дејност во центарот на Охрид, што претставува последен градежен зафат во проширувањето на Универзитетот „Св. Апостол Павле“.