Претходна статија
Градежниот факултет доби нова лабораторија
Следна статија
Општина Центар ќе го реконструира паркот во Капиштец

Ќе се гради кружен тек на булеварот „Партизански одреди“

Објавено на 28.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје со објавување на оглас за избор на градежна компанија ја отпочна реализацијата на проектот за проширување на булеварот „Партизански одреди“ до новоизградениот кружен тек кај црквата Св. „Петар и Павле“ во населбата Ѓорче Петров. Првата фаза опфаќа изведба на кружен тек со средишно зеленило на крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Ацо Шопов“ кај Порта Влае. Заедно со новиот кружен тек, ќе се постави и атмосферска канализација на овој дел од булеварот. По изведбата на овој градежен зафат, во наредната етапа ќе следува и проширување на булеварот „Партизански одреди“ од десната страна, за да се добијат две коловозни ленти, средишно зеленило, велосипедски и пешачки патеки. Должината на целокупната траса изнесува 700 метри.

 

Булеварот ќе се прошири до кружниот тек со улицата „4 Јули“

 

 

Според објавените информации, градежните компании заинтересирани за учество во реализацијата на првата фаза треба да ги достават своите понуди до Градот Скопје најдоцна до 18 март. Првично предвидената вредност на овој проект изнесува 59.322.033 денари или околу 960 илјади евра, без вклучен ДДВ. Финансиските средства за новиот кружен тек се обезбедени од буџетот на Градот Скопје.