Претходна статија
Чаир ќе биде првата гасифицирана општина во Скопје
Следна статија
Стратегијата за продажба на парцели во касарната „Илинден“ мора да се менува

Новиот лик на владината зграда со повисока цена

Објавено на 13.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#На друштвото за производство, трговија и градежништво „Декон – Ком ДООЕЛ увоз извоз“ од Скопје ќе му бидат исплатени 58.758.100 денари (околу 955 илјади евра) за изведба на градежно – занаетчиски работи за адаптација на дел од содржините на објектот на Владата на Република Македонија. Договорот со владината Служба за општи и заеднички работи бил склучен на 30 декември, а известувањето на сајтот на Бирото за јавни набавки беше објавено денеска. Во известувањето не се наведени попрецизни информации околу тоа за каков градежен зафат се работи.

 

„Декон – Ком“ има на располагање три месеци за реализација на договорот, што делумно кореспондира со најавениот рок до кога треба да биде завршена и новата неокласична фасада на Владата (април 2014), за која беа предвидени 9,3 милиони евра.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект