Претходна статија
Куманово размислува гасификацијата да ја препушти на приватниот сектор
Следна статија
Санацијата на железничкото депо „Лисиче“ одложена за годинава

Скопскиот „Александар Велики“ за влакно го избегна милионитиот патник

Објавено на 10.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Големиот број магливи денови во текот на декември си го направија своето. Иако беше посакувано скопскиот аеродром да ја надмине магичната бројка од милион патници, сепак оваа цел останува за претстојната 2014 година. Двата македонски аеродроми во текот на минатогодишните 12 месеци опслужија 1.067.467 патници или за 17% повеќе во споредба со 2012 година. Огромен раст на патници е регистриран на аеродромот „Александар Велики“, низ кој во текот на 2013 година минаа вкупно 984.407 патници, што претставува зголемување од 18% во однос на истиот период од претходната година. Пораст од 6,5% е пресметан и за охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, кој опслужи 83.060 патници во изминатите 12 месеци.

 

 

 

Евидентниот напредок во воздухопловниот превоз може да се согледа и преку растот од околу 10% кај бројот на остварени летови на двата македонски аеродроми во 2013 година. Континуираниот интерес за користење на услугите од авиосообраќајот во земјава се очекува да продолжи и во текот на 2014 година. Локалната самоуправа од Охрид најави субвенционирање на нови авионски линии од тамошниот аеродром, додека неколку странски авиокомпании најавија поврзување на скопскиот „Александар Велики“ со европските дестинации, како што е: Париз, Берлин, Брисел и Франкфурт.