Претходна статија
Најпопуларните објави во 2013
Следна статија
Изведбата на „барокни“ фасади започнува со улицата Никола Вапцаров

Ставена во функција 110 kV разводна постројка во ТС „Петровец“

Објавено на 01.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

За време на изградбата (извор: Општина Петровец)Од денеска е пуштена во употреба новата 110 киловолтна разводна постројка преку која трансформаторската станица „Петровец“ директно се поврзува на националниот електроенергетски систем. Во проектот се вложија над 1 милион евра, финансиски средства на МЕПСО. Со постројката ќе се подобри доверливоста на електроенергетскиот систем, напонските прилики и снабдувањето со електрична енергија во четири општини од овој дел на скопскиот регион. Државната компанија во изминатите шест месеци инвестираше во изградба на неопходната инфраструктура во трафостаницата „Петровец“. Инсталираната опрема е од германската компанија „Сименс“.

 

Со проектот се овозможува стабилизирање на напонските прилики и ефикасно снабдување со електрична енергија за жителите на општина Петровец, но и решавање на проблемот со обезбедување електрична енергија за мултифункционалната зона „Ќојлија“. МЕПСО во текот на оваа и наредните години треба да изведе неколку значајни проекти во вредност од преку 65 милиони евра.