Претходна статија
Плоштадот „Скендербег“ ќе биде завршен во 2014 година
Следна статија
Најпопуларните објави во 2013

Ќе се доврши плоштадот во Влае

Објавено на 30.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По речиси една година од поставувањето на камен – темелникот, продолжува изградбата на ветениот плоштад во населбата Влае, лоциран веднаш до станбениот комплекс „Порта Влае“ [»мапа]. Општина Карпош ја избра скопската компанија „Лутарико доо“ за изведувач на градежните работи, кои е предвидено да се комплетираат во временски период од шест месеци. За довршување на новото урбано катче за граѓаните се издвоени 19.084.014 денари или над 310 илјади евра. Идниот урбан простор ќе се простира на површина од 6.500 метри квадратни, а во неговото средиште е планирана кружна фонтана. Целиот плоштад ќе биде поплочен со гранитни плочки, околниот простор хортикултурно ќе се уреди, ќе се постави урбана опрема и осветлување.

 

 

 

Изведбата на плоштадот во Влае доцни неколку месеци. Иако беше ветено дека проектот ќе се реализира до средината на март годинава, тој беше пролонгиран неколку пати. На крајот, локалната власт од Карпош се реши да распише нов оглас за избор на градежна фирма што ќе ги доврши неопходните изведбени активности.

 

 

» Форумска дискусија за плоштадот во Влае