Претходна статија
Наредната година ќе работиме на развојот на автопатската мрежа
Следна статија
Кавадарци ќе го решава проблемот со паркирање

Ќе се реконструираат центрите за социјална работа и основни училишта

Објавено на 17.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за труд и социјална политика го стартуваше проектот за реконструкција на 11 центри за социјална работа во земјава. Во првата фаза се вклучени објектите во Пробиштип, Ресен, Струмица и Свети Николе. Со предвидениот зафат ќе се постават нови термоизолациони фасади, ќе се реновираат санитарните јазли, ќе се заменат прозорците и вратите, а предвидена е и изведба на други градежни работи. Целта на проектот „Реновирање на центрите за социјална работа“ е да се обезбеди подобра услуга за граѓаните и да се подобрат условите за работа во овие објекти. Финансиските средства за претстојната реконструкција се обезбедени од заем од Меѓународната банка за обнова и развој.

 

Со владина помош во наредниот период ќе се работи и на санација на основните училишта во земјава. Веќе е започнат процесот за изградба и реконструкција на 16 образовни објекти од овој вид, а до крајот на месецов ќе бидат распишани огласи за санација на дополнителни осум училишта во македонските општини. Финансиската конструкција за овој проект ќе се покрие преку одобрениот заем од Банката на Советот на Европа.