Претходна статија
Продадено државно градежно земјиште во општина Петровец
Следна статија
Поголема потрошувачка на струја и гас во 2014 година

Нов трговски центар отворен во Скопје

Објавено на 12.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денеска беше свечено отворен комплексот „City Mall & Residence“, комбинација на трговски центар и станбен објект, лоциран спроти ТЦ „Бисер“ во општината Аеродром [»мапа]. Од вкупно 35.000 метри квадратни корисна површина, комерцијалниот дел се простира на 12.000 метри квадратни на првите четири нивоа, со вкупно 62 локали и супермаркет „Рамстор“. Станбениот простор се наоѓа на горните четири нивоа со површина од 8.000 метри квадратни, додека 15.000 метри квадратни се гаражен простор на три подземни нивоа.

Според официјалните информации, се работи за инвестиција во висина од 30 милиони евра. Инвеститор е „Сити Плаза ДОО“ зад која стои Ајдован Адемоски. Земјиштето беше купено во јули 2010 година, за цена од 600 евра за метар квадратен, во конкуренција со „Тинекс“, „Рамстор“, „Кам“ и едно физичко лице. Иако официјално камен темелникот беше поставен во мај минатата година, изградбата на објектот започна уште кон средината на 2011 година. Главен изведувач беше градежната компанија „Пера Констракшн“, зад која исто така стои Ајдован Адемоски, а градежниот надзор го вршеше „Рударски институт – друштво за инженеринг“. На изградбата беа ангажирани над 250 работници, од преку 50 компании (изведувачи и подизведувачи), повеќето од земјава и неколку од странство.

» Форумска дискусија за овој проект

Галерија:

City Mall & ResidenceCity Mall & ResidenceCity Mall & ResidenceCity Mall & Residence