Претходна статија
РЕПОРТАЖА: Древниот Брашов со својата убавина и пркоси на денешнината
Следна статија
По 24-ти пат доделена Наградата „Андреја Дамјанов“

Универзитетот на Југоисточна Европа се смести во скопската чаршија

Објавено на 19.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Некогашната Стоковна куќа „Мост“ на влезот на Старата скопска чаршија е пренаменета во современ простор за вршење на образовна дејност на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ) од Тетово. Преку 900 студенти веќе следат настава во објектот, на студиите од прв и од втор циклус, а од овој месец во Скопје ќе бидат воведени и докторски студии. За успешно академско функционирање на установата, извршена е реконструкција на подрумските простории, приземјето, првиот кат и поткровјето. Објектот е составен од пулт за информации во влезниот хол, компјутерски лаборатории, училници, амфитеатар, сала за состаноци, ректорска канцеларија, канцеларија за студентски и академски услуги, директорска канцеларија, библиотека и кафетерија. Адаптацијата на просториите се одвиваше во изминатите пет месеци, при што со спроведениот зафат не е доведен во прашање препознатливиот изглед на поранешната Стоковна куќа „Мост“.