Претходна статија
Поставен камен - темелник на ПЕТ Центарот
Следна статија
Градежниците загрижени за финансиската состојба на нивните компании

190.000 евра за реконструкција на опожарената главна пошта во Скопје

Објавено на 07.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Раководството на Македонски пошти пред две недели потпишало договор за адаптација на деловниот простор во главната пошта во центарот на Скопје. Компанијата „ДОН-ХАУС“ од тетовското село Мала Речица ќе ги реализира неопходните градежни зафати во дирекцијата на Македонски пошти. За оваа намена се издвоени 11.775.660 денари или над 190.000 евра. Новата организација на просторот ќе се изведе во рок од 12 месеци, колку што изнесува времетраењето на склучениот договор. Потребата од адаптација на деловниот простор се јави по пожарот што го зафати објектот Пошта 1 на средината од јануари годинава, кога целосно беше уништена шалтерската сала, куполата и дел од канцеларискиот простор.

 

 

 

Покрај реконструкцијата на административниот дел за вработените, со проектот за санација е предвидено досегашниот шалтерски простор да се пренамени и да добие нова функција. Од Македонски пошти се одлучија да не го обноват уништениот мурал на познатиот уметник Борко Лазески, кој целосно беше уништен во силниот пожар што ја зафати главната шалтер – сала.