Претходна статија
На местото на сапунарата „Цветан Димов“ ќе се гради дваесеткатница
Следна статија
Од денеска сите барања за градба ќе се поднесуваат по електронски пат

Продолжува реконструкцијата на фасадите на стари објекти во Карпош

Објавено на 01.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Oпштина КарпошПроектот „Да го вратиме сјајот на старите згради“ продолжува на територијата на општина Карпош. Деновиве стартуваше санацијата на надворешноста на станбена зграда спроти „Сити мол“ во населбата Карпош 3, една од оние што пред неколку месеци беа избрани за изведба на нови фасади. Зафатот вклучува замена на досегашните прозорци и изведба на термичка фасада на објектот врз основа на изработен проект од стручните лица на Општината. Градежните активности ќе ги изведува фирмата „Аполо инженеринг“ од Скопје, која за реализација на проектот ќе добие 140 илјади евра. Во наредниот период треба да започне санацијата и на други дотраени фасади, за кои во април годинава се издвоија 47 милиони денари од општинскиот буџет.

 

Локалните власти во денешното соопштение наведуваат дека во обемниот проект ќе бидат вклучени вкупно 163 стари фасади, кои ќе се обновуваат во соработка со Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“ и УСАИД. Партнерите им овозможуваат земање кредити на станарите за замена на прозорците и вратите во зградите. На територијата на Карпош во изминативе неколку години се обновија неколку фасади на станбени објекти, што се лоцирани долж главните булевари и улици.