Претходна статија
Пропадна уште еден обид за изградба на затворен базен во Битола
Следна статија
Нови 400 илјади евра за довршување на комплексот „Македонско село“

20 милиони евра за пречистителна станица за отпадни води во Прилеп

Објавено на 29.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Нова пречистителна станица за отпадни води и реконструкција на најголем дел од канализационата мрежа ќе се реализира во Прилеп. Денеска започна првата фаза од спроведувањето на овој проект, во кој ќе се вложат 30 милиони евра од третата компонента на ИПА фондовите на ЕУ за заштита на животната средина. Изградбата на пречистителната станица ќе се одвива во првата етапа, заедно со санацијата на 23 километри од фекалната канализација во градот. По нејзиното завршување, јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе продолжи со реконструкција на дополнителни 45 километри од канализационата мрежа во Прилеп. На тој начин, покрај прибирањето и пречистувањето на водите од Градска река, ќе се обнови 90% од постоечката канализациона мрежа.

 

За изведувач на реконструктивните активности на фекалната канализација е избрана германската компанија „Лудвиг Фајфер“, со подизведувачи од Македонија. Договорот за изградба на пречистителната станица ќе биде потпишан до крајот на годината, а нејзината вредност изнесува 20 милиони евра. Целокупниот проект треба да се заврши во период од три и пол години.