Кампањата „ЕУ за тебе“ во Прилеп: Финишира изградбата на пречистителната станица
Амбасадорите на ЕУ и на Германија, Самуел Жбогар и Кристине Алтхаузер денеска го посетија Прилеп во рамките на кампањата „ЕУ за тебе“. На состанокот со прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, тие се информираа за тековната состојба со реализацијата на проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води и за санација на канализационата мрежа во градот.