Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Зданијата од „Свети Климентовиот универзитет“ го совладаа просторот на Плаошник
Следна статија
Албанската „Амадеус груп“ ќе гради барокен деловен објект на плоштадот „Македонија“

Ќе се реконструира скопската болница „Св. Наум Охридски“

Објавено на 15.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за здравство е во потрага по проектантско биро кое ќе изработи основен проект за реконструкција и санација на болничката зграда на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје (поранешната Градска болница). Овој зафат е дел од обемната владина програма за реновирање на објектите на 41 јавна здравствена установа во земјава, проект чија вредност изнесува 100 милиони евра. Заинтересираните субјекти за учество на објавениот оглас треба да ги достават своите понуди најдоцна до 29 октомври.

 

#Препознатливиот црвен објект кој се наоѓа спроти Републичкото собрание е еден од ретките симболи на модерната архитектура во главниот град кој е изграден пред Втората светска војна. Пуштено во употреба во далечната 1931 година, зданието беше подложно на реконструктивен зафат на фасадата и внатрешно преуредување пред една деценија. Зградата на болницата „Св. Наум Охридски“ претставува споменик на културата и е заштитена од страна на Управата за заштита на културното наследство.