На потегот меѓу зелениот пазар и Веро во Тетово неодамна стартуваше изградбата на повеќенаменски комплекс со корисна површина од 25.000 метри квадратни. Комплексот со име „Рем Центар“ ќе има приземје, девет спрата, како и три подземни нивоа. Тој ќе содржи хотел со пет ѕвездички и сто соби, трговски центар и станбен дел со стотина станбени единици. Во подземниот дел се предвидени гаражи и магацини. Рем Центарот е заеднички потфат на Електрометал од Тетово (кој е и сопственик на земјиштето) и Ренова од Џепчиште. Инвестицијата е вредна 12 милиони евра, а се најавува дека објектот треба да биде готов до крајот на 2011 година. Главен изведувач е тетовската НБ Компани, додека проектирањето и надзорот се доверени на Идеа Гроуп, исто така од Тетово.
Форумска дискусија за овој проект –> овде