Претходна статија
Избран консултант за натамошен развој на ски - центарот Попова Шапка
Следна статија
Се бара проект за нов фудбалски стадион во Битола

Цените на становите во Скопје повторно одат нагоре

Објавено на 09.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Народната банка на Македонија (НБРМ) во публикацијата „Индекс на цените на становите“ го објави податокот дека во периодот јули – септември цените на становите во Скопје се зголемиле за 1,8% во споредба со претходниот квартал од годинава, што претставува прво зголемување по континуираниот пад од крајот на 2011 година. Во однос на годишната стапка на промена, НБРМ информира дека намалувањето изнесува 1,3%, наспроти падот на годишната основа на вредноста на становите во вториот квартал, во висина од 4,7%. Како одговор на актуелноста и зголемениот интерес на јавноста за податоци поврзани со пазарот на недвижности, Народната банка донесе одлука во иднина да ги објавува овие информации на својата интернет – страница.

 

 

 

И покрај ваквите резултати, од податоците за годините наназад може да се констатира дека „златниот“ период за градежниците и трговците со недвижности е далеку зад нас. Огромно зголемување на цената на становите во главниот град е забележана на крајот од 2007 и во текот на целата 2008 година, а оттогаш до крајот на 2011 година се јавува стабилизирање на нивната вредност. Индексот на цените на становите се изготвува четири пати годишно, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите што се занимаваат со промет на недвижности.