Претходна статија
Каналот Студенчишта ќе прерасне во марина за пловни објекти
Следна статија
Осум понуди за рехабилитација на пругата Куманово - Бељаковце

„Скопје изнајми велосипед“ ќе се прошири со уште 90 велосипеди

Објавено на 04.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Град Скопје потпиша договор за набавка на 90 велосипеди за градски услови што ќе бидат вклучени во проектот „Скопје изнајми велосипед“. Фирмата „БАРОН – КОМЕРЦ Сашо“ од Скопје на Ј.П. „Градски паркинг“ во наредните два месеци ќе треба да му ги испорача платените превозни средства на две тркала, со што вкупниот број на велосипеди за изнајмување ќе нарасне на преку 200. За проширување на постоечкиот систем се издвоени финансиски средства во висина од 594.720 денари или околу 9.600 евра. Сепак, набавените велосипеди најверојатно дека граѓаните ќе можат да ги користат од наредната сезона, бидејќи овогодинешната завршува на 1 ноември.

 

 

 

Новите велосипеди ќе им стојат на располагање на граѓаните на веќе воспоставените пунктови зад трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром, на паркиралиштето „Треска“ во Капиштец, кај градската болница „Св. Наум Охридски“ во Центар и кај Воената болница во Карпош. За само 10 денари од час може да се изнајми велосипед, при што истиот може да се врати на кој било од пунктовите на „Градски паркинг“. Проектот „Скопје изнајми велосипед“ беше стартуваше во 2010 година, во соработка помеѓу Градот Скопје и невладините организации Екосвест и ГЕФ ПМГ.