Претходна статија
Надмината опасноста од уривање на локалитетот Долни Сарај во Охрид
Следна статија
Дополнителни 800 илјади евра за довршување на зградата на собранието

Уште една шанса за реализација на новиот Луна парк

Објавено на 11.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Советот на Град Скопје вчера донесе одлука за распишување нов оглас за воспоставување на јавно – приватно партнерство за реконструирање и доградба на Луна паркот. Иако досегашните повици до приватните инвеститори се покажаа како неуспешни, градската власт смета дека треба да се даде уште една шанса за избор на концесионер што ќе управува со местото во наредните 35 години. Најповолниот понудувач ќе треба да изработи проект, да го финансира неговото реализирање и да управува со него во концесискиот период, а за сметка на тоа ќе може да инкасира финансиски приходи врз основа на продадените билети.

 

#Во согласност со замислата на Градот Скопје, инвеститорот би ги реконструирал постоечките објекти, би поставил нов влез, би изградил административен објект, би инсталирал нови забавни реквизити за посетителите, при што комплексот би добил и објекти за служење на храна и пијалоци, простор за продажба на сувенири, затворен дел за забавни игри и паркинг простор. Забавниот парк би се простирал на површина од 40.000 метри квадратни и би опфатил дел од постоечките зелени површини од новиот дел на Градскиот парк. Досега беа распишани неколку тендери за остварување на овој проект, но на нив не се појави ниту еден заинтересиран инвеститор со конкретна понуда за развој на овој простор. Последниот тендер за изградба на новиот Луна парк пропадна на почетокот од јануари годинава.