Претходна статија
11 милиони евра за реконструкција и проширување на КПД „Идризово“
Следна статија
Ќе се работи на проект за изградба на пешачки мост во кањонот Матка

МЕПСО решена да ја изведе клацистичката фасада на својата дирекција

Објавено на 04.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#И по два неуспешни тендера за избор на најповолен понудувач, раководството на Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) не се откажува од идејата за реализација на замислената класицистичка фасада на објектот каде е сместено седиштето на компанијата. Подобрување на енергетската ефикасност и реконструкција на внатрешноста на оваа административна зграда се причините кои се наведуваат за инвестирање во овој зафат. Заинтересираните градежни фирми треба да ги поднесат своите понуди за учество на тендерот најдоцна до 21 октомври. Според основниот проект што го изработи бирото „Неимар инженеринг“ од Скопје, сегашната стаклена фасада на објектот ќе добие нов изглед, а бројот на постоечките бетонски столбови е предвидено да се зголеми и истите да преминат во антички.

 

Висината на потребните финансии ќе биде позната по изборот на најповолен понудувач. Во изминативе неколку месеци државната компанија МЕПСО објави два огласи за изведба на замислениот зафат во стилот на „Скопје 2014“, но и во двата обида не беше пронајдена фирма што би ја извела клацистичката фасада.