Претходна статија
Цените на становите продолжиле да паѓаат и во вториот квартал
Следна статија
Потрага по вода на Водно за планираниот ски - центар

И Министерството за култура ќе обновува фасади на „Илинденска“

Објавено на 19.08.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Покрај градската власт на Скопје, од каде што веќе е распишан Конкурс за избор на идејно решение за реконструкција на фасади на 18 објекти кои се наоѓаат долж булеварот „Илинден“, во напорите за санација на екстериерот на тамошните зданија се вклучува и Министерството за култура. Во рамки на проектот на ова министерство за обнова и конзервација на 250 фасади во значајните градски јадра во неколку македонски градови, Конзерваторскиот центар – Скопје ќе пристапи кон изработка на проектна документација за обнова на неколку фасади на објекти лоцирани на оваа собраќајница.

 

Од проектот за обнова на 250 фасади ширум државата досега се завршени шест фасади на објекти во пет македонски градови – семејна куќа во Крушево со автентична стара крушевска архитектура, куќа лоцирана на улицата „Битпазарска“ во Старата скопска чаршија (споменик на културата изграден меѓу двете светски војни), куќата на семејството Бојаџиеви лоцирана во стариот дел на Охрид, куќа на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид, Старата битолска касарна (во која од 1975 година функционира Заводот за заштита на спомениците на културата од овој град), како и куќата на Бектешовци во Прилеп, која е еден од ретките изворно зачувани примероци на староградската архитектура.

 

Моментално е во тек интервенција врз неколку староградски куќи со впечатлива надорешност во Кичево, Гевлегија, Кратово и Крушево. Од Министерството нагласуваат дека со реализацијата на овој повеќегодишен проект ќе се даде придонес кон зачувување на архитектонско – стилските вредности на градските јадра и ќе се овозможи соодветен третман на споменичкото наследство.