Претходна статија
Отворена новата меѓуградска автобуска станица во Гевгелија
Следна статија
ЕВН и ЕЛЕМ ќе добијат „барокна“ фасада за 4,3 милиони евра

Уште три населби по теркот на „Сончев град“

Објавено на 03.08.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Почетокот на изградбата на елитната населба „Сончев град“ на јужните падини на Водно е најавен за идната пролет, но државата веќе планира изградба на уште три слични населби во непосредната околина. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во изјава за порталот „Фактор“ прецизира дека се работи за земјиште во државна сопственост кое се граничи со опфатот на „Сончев град“.

 

Во меѓувреме скопски „Гранит“ интензивно работи на пробивање на новиот пат во должина од 4,4 километри кој ќе биде директна врска на населбата со Скопје, а турскиот „Џеваир холдинг“, инвеститорот во „Сончев град“ изработува сопствен урбанистички план за комплексот. Сепак проектот и понатаму се соочува со стариот нерешен проблем околу снабдувањето со вода. „Проблемот со носење на водата од Патишка Река се уште не е дефиниран, но остануваме во комуникација со населението и бараме солуција како да се надмине тоа. Сега за сега сме дефинирани со тој проект, за тоа се подготвени и планска и техничка документација, доколку проблемот со водата не се надмине, ќе бараме друга солуција“, вели градоначалникот на Сопиште, Стевче Трпковски, во изјава за денешна „Нова Македонија“.