Претходна статија
Од 1 септември ќе стартува јавниот градски превоз во Прилеп
Следна статија
Камен темелник за средно училиште во Сарај

Косовската „Елкос груп“ ќе гради трговски центар во Штип

Објавено на 12.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Најголемиот трговски центар во источна Македонија со површина од околу 14.000 метри квадратни ќе започне да се гради за еден месец во штипската населба „Сењак“. Косовската „Елкос груп“ ќе биде инвеститор во комерцијалниот објект, за чија изградба во октомври минатата година купи земјиште со површина од околу 5.000 метри квадратни. Локалната самоуправа од Штип ќе ги издаде сите неопходни документи до 31 јули, по што ќе стартуваат градежните работи. Во трговскиот центар е планирано да се вработат околу 100 лица. Покрај ова здание, во штипската населба „Сењак“ во моментов се гради огромен станбен комплекс, социјални згради за домување и наскоро ќе започне изградбата на повеќенаменски спортски терени од Агенцијата за млади и спорт.

 

 

* Градоначалникот Илчо Захариев на средба со Рамиз Келеменди, сопственик на „Елкос груп“

 

 

Косовската компанија за купување на градежната парцела уплати околу 20 милиони денари во општинскиот буџет. „Елкос груп“ веќе има изградено неколку трговски центри во Косово, Албанија и во Црна Гора, а најавува дека наскоро ќе започне со инвестиции и во други македонски градови.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект