Претходна статија
Термоелектраната „Осломеј“ не одговара, Кичево ќе треба да гради нова топлана за централно греење
Следна статија
Пругата Бељаковце - Крива Паланка ќе почне да се гради за две години

„Го сакам ГТЦ“ утре со форум и со работилница за деца

Објавено на 10.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), заедно со невладините организации и граѓанските активисти, ја продолжуваат иницијативата „Го сакам ГТЦ“ преку организирање на нов ГТЦ ФОРУМ и работилница за деца коишто ќе се одржат утре, со почеток од 20 часот, во паркот „Жена – борец“. На петтиот по ред настан за одбрана на препознатливиот изглед на Градскиот трговски центар со свое излагање ќе учествуваат македонскиот сликар Сергеј Андреевски, авторот на првиот Интернет водич за културен туризам во Македонија Јасна Шоптрајанова и историчарот на уметност Лазо Плавевски. На утрешната манифестација свое учество во собирот ќе земат и студенти и професори од архитектонските факултети во Скопје, Виена, Валенсија и Грац, кои се дел од Меѓународната летна школа Urban Urgency, која се одржува на Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот „Американ колеџ“. Во рамките на настанот, граѓаните ќе можат да го дадат својот потпис на петицијата за зачувување на ГТЦ во неговата автентична состојба.

 

Најавениот нов изглед на ГТЦ според идејното решение на Жарко Чаушевски и Филип БогатиновНовина од иницијативата „Го сакам ГТЦ“ е организирањето на ликовна детска работилница „Нацртај го ГТЦ“,  која ќе започне во 19 часот, на која децата ќе можат уметнички да се изразат и на тој начин да учествуваат во предвидената изложба посветена на ГТЦ, закажана за овој месец. Македонската јавност предводена од архитектонската фела повеќе од еден месец реагира на избраното идејно решение за менување на постоечката фасада на трговскиот центар. Според замислата на архитектите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов, ГТЦ би добил нова барокна фасада, доградба на последниот кат и три куполи, изведба на десетици антички столбови и поставување на бројни скулптури на терасата на објектот.

 

 

 

» Форумска дискусија за ГТЦ