Претходна статија
Тендер за изградба на владиниот административен објект до „Бристол“
Следна статија
На продажба парцели за изградба на фабрики во Ќојлија

Плоштад „ВМРО“ ќе се гради пред седиштето на владејачката партија

Објавено на 25.06.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Извадок од ДУП Мал РингЦентарот на Скопје ќе добие нов мини плоштад на местото на паркингот кај Министерството за финансии и старото седиште на ВМРО-ДПМНЕ каде што сега партијата гради нова комерцијално – деловна зграда. Градот Скопје распиша оглас за избор на архитектонско биро што ќе го изработи основниот проект за изградба на плоштад „ВМРО“. Освен потврдата дека ќе се реализира овој проект, градските власти за „Билд“ денеска не сакаа да изнесат дополнителни информации. „Сите детали за изградбата ќе бидат познати по завршувањето на постапката за избор на основен проект“, велат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Заинтересираните треба да ги достават своите понуди за изработка на основниот проект најдоцна до 2 јули.

 

Според податоците од урбанистичкиот план „Мал Ринг“, на оваа локација е предвидено да се оформи плоштад на површина од 681 метри квадратни [»мапа], заедно со фонтана и спомен обележје. По изборот на основен проект, Градот Скопје во следната фаза треба да распише оглас за избор на градежна компанија што ќе го изведува зафатот.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект