Претходна статија
ЦРТИЦА: Градскиот трговски центар како симбол на модерното и современо Скопје
Следна статија
Зонското паркирање од денеска профункционира во Охрид, наскоро и во Битола

Старите охридски куќи го добиваат некогашниот архитектонски сјај

Објавено на 23.06.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески денеска го промовираа проектот за конзервација на Куќата на Ајри Доко и реконструкцијата на фасадата на Куќата на Бојаџиеви во стариот дел на градот. Во рамките на националниот проект за обнова и конзервација на фасади од позначајните градски јадра во Македонија, во Охрид досега е завршена третата фаза од конзервацијата на Куќата на Ајри Доко, но и целосно е завршена санацијата на фасадата на Куќата на Бојаџиеви. Двете зданија ја претставуваат во полно светло охридската староградска архитектура и урбанистичките концепции од XIX век. До крајот на јуни во Охрид треба да заврши и конзервацијата на јужниот дел од летната сцена Долни Сарај.

 

 

* извор: Општина Охрид

 

 

Освен заштитата на културното наследство и споменичната архитектура, во Охрид во претстојниот период ќе се реализира и покривањето на сцените на Античкиот театар и Долни Сарај со монтажно – демонтажни покриви. Заводот за заштита на споменици и музеј Охрид во моментов работи на проектите за изведба на оваа замисла. Проектите во согласност со законските регулативи треба да бидат готови до 20 јули, по што ќе се распише тендерот за избор на изведувач на работите.