Претходна статија
Пристигнуваат стилизираните сендвичарници во центарот на Скопје
Следна статија
Започна изградбата на каналот за отпадни води во Арачиново

Распишан тендерот за реконструкција на опожарената главна пошта

Објавено на 17.06.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#По повеќе од пет месеци чекање, раководството на Македонски пошти го објави огласот за избор на најповолен понудувач за реконструкција на главната пошта во центарот на Скопје. Заедно со санацијата на опожарените површини, едно од најпрепознатливите зданија во метрополота ќе добие и нова организација на просторот. Избраната компанија ќе биде задолжена да го адаптира просторот во дирекцијата на Македонски пошти за да одговори на новите потреби на граѓаните. Огромниот шалтерски дел од фоајето на поштата ќе се пренамени и ќе добие нова функција, но со реконструктивниот зафат нема да се обнови уништениот мурал на Борко Лазески, кој со децении ги красеше ѕидовите во главната шалтер – сала. Во изминатиов период се работеше на изработка на проектната документација за адаптација на деловниот простор.

 

Реконструкцијата на зградата на „Пошта – 1“ ќе се одвива во период од 12 месеци. Сите заинтересирани компании треба да ги достават своите понуди на тендерот најдоцна до 8 јули, за кога е закажано и нивното јавно отворање. Објектот којшто претставува знаменитост на Скопје го зафати пожар на средината на јануари годинава, при што беше уништена шалтерската сала, куполата и дел од канцеларискиот простор на вториот кат од дирекцијата на Македонски пошти.