Претходна статија
Идејното решение за новиот објект на НБРМ изработено за еден месец?
Следна статија
Официјално отворен третиот дел од проширениот булевар „Илинден“

Ќе се проектира експресен пат помеѓу Штип и Струмица

Објавено на 28.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Нов експресен пат со четири коловозни ленти, по две со ширина од по 3,75 метри и од по 2,5 метри треба да ги спои Штип и Струмица најдоцна до 2020 година, проект што треба да се надоврзе на најавениот автопат од Скопје до Штип. Во насока на конечна реализација на ветените брзи патишта во источна Македонија, Агенцијата за државни патишта денеска распиша оглас за изработка на проектната документација за изградба на идниот пат А4, за делницата од Штип до Радовиш. Најпрвин ќе се избере понудувач за изготвување на документацијата за овој сегмент, а во наредниот период ќе следува и јавен повик за прибирање на понуди за подготовка на проект за делницата од Радовиш до Струмица. Субјектите кои се заинтересирани да учествуваат на огласот треба да ги достават своите понуди најдоцна до 15 јули. Рокот за изработка на неопходната проектна документација изнесува 17 месеци.

 

Агенцијата за државни патишта пред повеќе од една година ја изработи Студијата за оценка на влијанието врз животната средина од изградбата на експресниот пат од Штип до Струмица. Македонија засега нема обезбедено финансиски средства за остварување на овој проект, но очекувањата се дека странски финансиски институции би биле заинтересирале за негова реализација по завршувањето на постапката за проектирање. Во јануари годинава беше пуштена во употреба последната делница од магистралниот пат М-6 помеѓу Радовиш и Струмица во должина од 10 километри.