Претходна статија
Се продава последната парцела на плоштадот „Македонија“
Следна статија
Основните училишта во Аеродром за една година ќе добијат реконструирани спортски сали

Цената на становите во земјава паѓа со засилено темпо

Објавено на 27.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Четврто последователно намалување на цената на становите на квартална основа во Македонија. Народната банка го објави Кварталниот извештај за периодот јануари – март 2013 година, во кој се наведува дека цените на недвижностите продолжиле да паѓаат и во почетокот од годинава. Индексот на цените на становите бележи забрзан пад од 2,1% на квартална основа и истиот незапирливо паѓа уште од првите три месеци од минатата година. Ако во периодот октомври – декември 2012 година падот на цената на становите на годишна основа изнесувал 3,5%, во првиот квартал од 2013 година тој се зголемил на 5,5%. Од Народната банка објаснуваат дека ваквиот тренд може да се објасни со тенденцијата на раст на изградените станбени згради во изминатиот неколкугодишен период, делумно стимулирана и од странските инвестиции во изградбата на недвижности.

 

„Гледано од аспект на показателите на побарувачката, растот на станбените кредити е релативно стабилен, иако во првите два месеца од 2013 година се забележува извесно забавување на растот“, се наведува во документот на Народната банка. Индексот на цените на становите се изготвува врз основа на огласите за нивна продажба во главниот град, објавени од агенции коишто се занимаваат со промет на недвижности.