Претходна статија
1,3 милиони евра за ентериерно уредување етно селото кај Нерези
Следна статија
Аплицирањето за проектот „Купи куќа, купи стан“ продолжува до крајот на годинава

Камен темелник за првата ветерна електрана во Македонија

Објавено на 18.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денеска беше формално означен почетокот на изградбата на Паркот на ветерни електрани „Богданци“, прв ваков енергетски капацитет во земјава. Во првата фаза на проектот е предвидена реализација на 16 ветерници со висина на столбот од 84 метри, дијаметар на елисата од 93 метри и моќност на турбината од 2,3 мегавати. Со тоа вкупната инсталирана моќност на сите ветерници ќе биде 36,8 мегавати и се очекува годишно производство од 100 гигават – часови електрична енергија или приближно снабдување за 15.000 домаќинства.

 

На терен веќе беа во тек градежни работи за изградба на потребната патна инфраструктура,  20/110 киловолтна трафостаница, приклучен далновод и командна зграда, кои ги изведува грчкиот конзорциум „Терна – Сименс“. Почната е и подготовката на фундаментите на локациите планирани за подигнување на ветерниците, како и проширување на трафостаницата „Валандово“ за поврзување на ветропаркот со електроенергетскиот систем на земјава. Во наредните два месеца се очекува да пристигнат првите турбини и да почне нивната монтажа, а во последниот квартал од годинава паркот ќе влезе во електроенергетскиот систем и ќе почне со производство.

 

Визуелизација на проектотДел од средствата за изградба на ветерниот парк „Богданци“ се обезбедени преку заем од германската развојна банка КфВ (KfW Bankengruppe) од април 2011 година. Висината на инвестицијата изнесува 55,5 милиони евра, од кои 41 милион се за испорака и монтажа на ветерниците. КфВ банката обезбеди 32,9 милиони евра, а останатите 22,6 милиони потребни за реализација на ветерниот парк се сопствени средства на АД ЕЛЕМ. Локацијата нуди можност во иднина да се постават дополнителни ветерни турбини кои би го заокружиле проектот со инсталирана моќност до 50 мегавати.

 

 

» Форумска дискусија за ветерните електрани во Македонија