Претходна статија
Започна поставувањето на новите автобуски постојки во Скопје
Следна статија
Нема да можат да се градат нови објекти без елаборат за енергетска ефикасност и енергетски пасош

Интересот за изградба на нови станови не се намалува

Објавено на 10.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Продолжува експанзијата во делот на изградба на станбени единици во Македонија. Според извештајот на Државниот завод за статистика, во март се издадени одобренија за изградба на 589 станови, што претставува зголемување од 15% во однос на истиот месец од минатата година. Пораст од 9,7% е забележан и кај вкупната корисна површина на станбените единици, која во третиот месец од годината изнесувала 45.007 метри квадратни. Деловните субјекти како инвеститори се јавуваат во реализацијата на 319 нови живеалишта со корисна површина од 16.598 метри квадратни, додека на физички лица им се издадени градежни дозволи за изградба на 270 нови живеалишта со вкупна површина од 28.409 метри квадратни.

 

 

 

 

Најголема заинтересираност за изведба на овој вид недвижности е забележана во скопскиот (173), пелагонискиот (103) и југозападниот регион (102). Кај општините предничат Прилеп (78), Кичево (68) и Ѓорче Петров (65). Двособните и еднособните станови ќе доминираат во идните зданија, кои треба да се изградат врз основа на издадените градежни дозволи.

 

Во извештајот на статистичарите се наведува дека во третиот месец од 2013 година се издадени 231 одобренија за градење, односно 10% повеќе во однос на истиот месец лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 2.762.067.000 денари (44,9 милиони евра), што е намалување за 22,6%. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 180 (77,9%) се наменети за објекти од високоградба, 14 (6,1%) за објекти од нискоградба и 37 (16%) за реконструкција. Физичките лица се јавуваат како инвеститори во 182 зданија (78,8%), додека кај 49 објекти (21,2%) инвеститори се деловни субјекти.