Претходна статија
Распишани двата тендера за реконструкција на 16 училишта
Следна статија
Катастарот ќе врши проценка на вредноста на недвижностите

И терасите ќе се легализираат по едно евро за метар квадратен

Објавено на 02.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ги соопшти најновите измени во Законот за постапување со бесправно изградени објекти, според кои граѓаните ќе можат да ги легализираат доградените тераси од станбените објекти по цена од 61 денар за метар квадратен. По оваа симболична цена ќе можат да се легализираат и терасите кои биле пренаменети во станбен простор од страна на сопствениците на становите. Со законските измени, Градот Скопје е предвидено да добие 60% од надоместокот за легализација, додека останатите 40% ќе бидат распределени на скопските општини на чија територија е изграден бесправниот објект. Досегашниот износ за легализирање на бесправно изградените или пренаменети тераси од зградите чинеше над 100 евра, во зависност од тоа за која скопска општина се работи.

 

На денешната средба со новинарите беа дадени одговори и за актуелната состојба со процесот на легализација на бесправно изградените објекти. На ниво на Македонија досега се уважени речиси 50.000 барања за легализација. Рокот за доставување на геодетските елаборати во процесот за комплетирање на документацијата истекува на 18 јуни 2014 година. Министерот Јанакиески им порача на граѓаните и на правните субјекти да ја завршат процедурата навреме, за да се испочитуваат пропишаните законски рокови.