Конечно започна асфалтирањето на ролерско-велосипедската патека долж кејот на левата страна на реката Вардар, на сегментот од фабриката „Комуна“ до центарот на Скопје. Патеката долга 1.800 и широка 4 метри почна да се гради во ноември минатата година, но потоа подолг период активностите беа прекинати. Зад инвестицијата од 6 милиони денари стојат градските власти, а работите ги врши „Мавровоинженеринг“. Овој сегмент е прва фаза од изградбата на комплетна ролерско – велосипедска патека на левиот брег, по теркот на патеката што Град Скопје од 2008 ја гради и надградува на спротивниот кеј.