Претходна статија
Улицата „Тоше Проески“ ќе се продолжи кон населбата Јане Сандански
Следна статија
Од 1 јуни градежни дозволи ќе се издаваат по електронски пат

Липково ја доби првата мала хидроелектрана, ќе се гради уште една

Објавено на 26.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска ја пушти во употреба малата хидроелектрана на Брестјанска река, прв ваков објект на територијата на општина Липково. Инвеститор во веќе завршниот проект е компанијата „ЕМК Мали хидроелектрани“ од Скопје, која заедно со надлежното министерство има потпишано 18 договори за изградба на објекти кои ќе го искористуваат водниот потенцијал за производство на електрична енергија. Инсталираниот капацитет на електраната изнесува 607 kW, а ќе произведува околу 2.500 MWh електрична енергија годишно. Во неа се вложени околу 1,6 милиони евра. Во наредниот период треба да започне изградбата на мала хидроелектрана на реката Грашница со капацитет од 2 MW од страна на компанијата „Сол Хидропауер“ од Скопје. Вкупната инвестиција во искористувањето на овој обновлив извор на енергија во општина Липково ќе изнесува над 4,6 милиони евра.

 

Од вкупно 70 потпишани договори за концесија на мали хидроелектрани, со инсталиран капацитет од 60 MW и инвестиција во вредност од околу 120 милиони евра, во моментов се изградени вкупно 11 енергетски објекти кои успешно функционираат, додека уште 20-тина треба да профункционираат до крајот на 2013 година или на почетокот од 2014 година.