Претходна статија
Нова тажна епизода од сагата за хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“
Следна статија
Доцни изградбата на студентски дом за штипскиот универзитет

Граѓаните од денес може да изнајмуваат велосипеди во Скопје

Објавено на 16.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Започна четвртата сезона за изнајмување велосипеди во Скопје. Јавното претпријатие Градски паркинг и годинава ќе раководи со проектот „Скопје изнајми велосипед“ преку кој граѓаните ќе можат да позајмат вакво превозно средство за цена од 10 денари за еден час. На заинтересираните лица им се на располагање 150 велосипеди на четири пунктови на паркиралиштата кај Градската болница и кај фабриката „Треска“ во општина Центар, кај ТЦ „Бисер“ во општина Аеродром и кај Градската болница „8 Септември“ во општина Карпош.

 

Од јавното претпријатие информираат дека годинава нема да се изнајмуваат велосипеди на плоштадот „Македонија“ поради изградба на нов хотел на местото на постоечкиот пункт. Граѓаните ќе можат да ја добијат услугата во периодот од 7 до 22 часот со приложување на сопствена лична карта, а велосипедот имаат опција да го вратат на кој било од четирите пункта. Проектот „Скопје изнајми велосипед“ профункционира во јули 2010 година.