Претходна статија
На продажба се нудат две парцели од економската зона „Илинден“
Следна статија
Изработката на проектот за магистралниот пат Охрид - Свети Наум влегува во втора фаза

При крај е карабината на бизнис центарот „Сити центар“ во Прилеп

Објавено на 10.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По речиси две години од почетокот на изградбата на бизнис центарот „Сити центар“ во Прилеп, привршува изведбата на неговата карабина. Претпоследната плоча е речиси завршена и во претстојниот период треба да следи поставувањето и на финалната плоча во трговскиот центар со приземје и два ката. Покрај просторот наменет за комерцијални активности, во објектот е планиран и паркинг простор со капацитет од 150 возила. „Сити Центар“ се гради на градежна парцела со површина од 1.617 метри квадратни [»мапа], а инвеститор во проектот е компанијата „Дравас инженеринг“ од Струмица.

 

извор: Општина Прилепизвор: Општина Прилеп

 

 

Бизнис центарот ќе се состои од продавници со брендирана роба, кафетерии и канцеларии, во кои се најавува дека ќе бидат вработени 250 лица. Во објектот ќе биде инсталиран систем за вентилација и климатизација. Инвестицијата изнесува околу 5 милиони евра, а архитектонскиот проект го изработија авторите Мартин Пановски и Душица Диновска од „Студио 2000“ од Скопје, кои за овој репрезентативен објект ја добија наградата од областа на архитектурата на 16-тото Биенале на македонска архитектура (БИМАС). Изведувач на градежните работи е компанијата „Теракота“ од Прилеп.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Визуелизации:

##

##

##

##