Од денес се отворени вратите на новиот „Супер Тинекс“ маркет на улица Првомајска во Скопје. Тинекс во овој свој досега најголем маркет вложи вкупно 4 милиони евра. Објектот располага со 5.100 метри квадратни на две надземни и едно подземно ниво. Проектот го изработи „Инженеринг Импекс СА“, а изведувач беше „Тен Тони“.
Маркетите од брендот „Супер Тинекс“ имаат значително поголема понуда на производи и услуги од класичните Тинекс маркети. Првиот таков маркет беше отворен во средината на 2008 година во адаптиран објект на улицата Перо Наков во Скопје. Маркетот на улица Првомајска е прв специјализиран нов објект за таа намена. Инаку ова е вкупно 41-ви маркет од ланецот Тинекс.