Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: При крај е првата фаза од изградбата на плоштадот Скендербег во Скопје
Следна статија
Градежниот институт „Македонија“ сака да ја купи фабриката „Карпош“

Општина Центар ќе го развива велосипедскиот транспорт

Објавено на 21.03.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Централното градско подрачје ќе добие нови паркинзи за велосипеди, ќе се изградат нови велосипедски патеки и ќе се воведе нов надоместок за отстранување на непрописно паркирани возила на постоечките патеки и паркинг места за велосипеди. Општина Центар, ЈП Паркинзи на општина Центар и Велосипедската федерација на Македонија денеска го потпишаа Меморандумот за соработка за промоција на здрав и еко сообраќај, под мотото „Го сакаш Центар? Да, на велосипед!“. Основната цел на документот е да се промовира развојот, унапредувањето и поддршката на користење велосипед. Властите најавуваат дека следи изработката на студија за велосипедскиот сообраќај, во која ќе се најде место за проектирање и изведба на нови велосипедски патеки на улиците под надлежност на општина Центар, како и поставувањето соодветна сигнализација на постоечката инфраструктура.

 

 

*Локалната власт со ветување дека окупираниот простор ќе им се врати на велосипедистите

 

 

ЈП Паркинзи на општина Центар во иднина ќе обезбеди бесплатен паркинг за велосипеди на сите паркиралишта кои се под надлежност на ова јавно претпријатие. Оттаму велат дека ќе се реши проблемот и со паркираните возила на велосипедските патеки преку казнување на сопствениците на автомобили, при што финансиските средства ќе се искористат за купување нови велосипеди за граѓаните. Со потпишаниот документ е предвидено да се реализираат и уште два други проекта: „Паркирај го автомобилот и изнајми велосипед“ и „Сподели пат, има место за сите“.